Еспањол беше лесен залак: Барселона чекори кон титулата во Ла Лига

Барселона славеше во пресметката против Еспањол со 4-1 во 31. коло од Ла Лига, со што ја зголеми предноста пред Реал Мадрид на девет бодови.

Феран Торес стрелаше два пати на стартот на натпреварот, и тоа два пати по асистенција на Ламин Јамал за предност од 2-0.

Торес погоди и трет пат, но ВАР-технологијата му го поништи голот поради офсајд. Потоа во листата на стрелци се запиша и Лозано кој намали на 1-2.

Екипата на Ханси Флик не дозволи да го прокоцка водството и во завршницата погоди уште два пати, и тоа преку Јамал и Маркус Рашфорд за победа од 4-1.

Барселона е прва во лигата со 79 бодови, односно девет поени повеќе од Реал Мадрид на седум кола пред крајот.

Фото: Barcelona FC/Facebook