Баерн испука „петарда“ против Сент Паули и постави рекорд во Бундес лигата

Германскиот гигант Баерн Минхен немаше милост кон Сент Паули и славеше со неверојатни 5-0 во 29. коло од Бундес лигата, со што се приближи до титулата, но воедно запиша и рекорд.

Баерн Минхен во првото полувреме постигна само еден гол преку Мусиала, но затоа во вториот дел го распарчи ривалот со уште четири погодоци.

Најпрво стрелаше Горецка, а потоа во листата на стрелци се запишаа и Олисе, Џексон и Гереро за триумф од 5-0.

Баерн се наоѓа на првото место во лигата со 76 бодови, односно 12 поени повеќе од Борусија Дортмунд и се наоѓа блиску до титулата.

Избраниците на Винсент Компани испишаа историја во Бундес лигата, односно стигнаа до 105 погодоци по 29 одиграни кола, поточно најмногу голови постигнати во историјата на шампионатот.

Претходниот рекорд беше поставен пред 53 години и девет месеци, а изнесуваше 101 гол во првенството.