Работнички го нокаутира Феникс во еден од најважните дуели за опстанок (ФОТО)
Работнички подобро го почна мечот и во еден момент водеше со +11 (23-12), по што следеше блесок на Феникс во втората четвртина и пресврт (32-29). Сепак, центарци повторно влегоа во серија од 12-0 и стигнаа до 41-32.
Феникс влезе во криза во нападот, а лошо играше и во одбрана со што му дозволи на Работнички да стигне до +20 (65-45). Работнички се опушти во последната четвртина, а тоа можеше скапо да го чини затоа што нивниот ривал намали на два поени негатива (73-75). Сепак, центарци триумфираа со 93-83 на крајот.
Најефикасен во победничкиот тим беше Ефремовски со 28 поени, додека Рахама запишан 20 поени за Феникс.





