Евертон се спаси од пораз против Брентфорд, Брајтон го нокаутира Барнли (ВИДЕО)

Денеска од 16 часот беа одиграни два натпревари во Премиер лигата, при што Евертон ремизира против Брентфорд (2-2), додека Брајтон славеше со 2-0 против Барнли во 32. коло.

Брентфорд по само три минути стигнаа до водство преку Тиаго од пенал, додека Бето во 26. минута ја врати неизвесноста и погоди за 1-1.

Тиаго беше стрелец и на вториот гол за екипата од Лондон, но гостите не се предаваа и преку Дјусбери-Хол ги поставија конечните 2-2.

Барнли погоди преку Ентони во седмата минута, но ВАР-технологијата му го поништи голот поради офсајд. Потоа следеше удар од Брајтон кој во 43. минута го презема водството (1-0).

Хамфрис во 50. минута ја затресе мрежата на Брајтон, но радоста кратко траеше затоа што ВАР му го поништи погодокот поради недозволена ситуација. Победата на Брајтон ја обезбеди преку Матс Вифер кој го постигна вториот гол на натпреварот.

Фото: Facebook/Brighton & Hove Albion FC