Вака изгледаат репрезентативците на Уганда до 15 години (ФОТО)

Фотографија од У-15 репрезентацијата на Уганда брзо се стана вирална на социјалните мрежи, а причината е изгледот на фудбалерите на оваа репрезентација бидејќи никој не верува дека тие се на возраст од 15 години или помлади.

Станува збор за фотографија направена пред натпревар на турнирот „CAF Schools“ (училишен турнир во организација на Африканската фудбалска конфедерација), кој се одржува во Зимбабве. Фудбалерите на Уганда, облечени во црвено-жолти дресови, позираа за тимска фотографија, но нивниот физички изглед веднаш стана тема на коментари.

Голем број фудбалски фанови во коментарите посочуваат дека играчите на Уганда, поради својата висина, мускулеста градба, но и зрелите црти на лицето, изгледаат најмалку барем неколку години повозрасни.