Фрчат критики за Мбапе: Без него пет победи по ред, со него - три порази во низа
Јасно е дека Французинот има повреда на коленото која ја влече подолго време и го оневозможува да продолжи како што ја почна оваа сезона, но еден статистички показател јасно укажува дека неговото отсуство не му паѓа многу тешко на Реал. Без Мбапе во стартната постава, односно додека беше во период на рехабилитација, Реал имаше пет победи во низа, вклучувајќи две против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Откако напаѓачот се врати во почетниот состав, Реал не може да победи бидејќи на трите меча, два пати загуби и еднаш одигра нерешено. Во таа лоша серија, Мбапе постигна еден гол, против Баерн, но не му помогна на Реал да избегне пораз.
Иако е најдобар стрелец во Ла Лига, Мбапе нема гол во шпанското првенство од 8 февруари.