Трагедија во Полска: Почина помошник-селекторот на 49-годишна возраст

Голема трагедија ја потресе Полска, откако Фудбалскиот сојуз на земјата објави дека починал помошник-селекторот Јацек Магера.

Полските медиуми пишуваат дека тренерот се онесвестил во парк додека трчал, по што била повикана Итна помош, која потоа го пренела во болница.

Докторите во болницата се обидувале да го реанимираат тренерот, меѓутоа не успеале во обидите.

Магера немал никакви здравствени проблеми затоа што неодамна правел медицински тестови.

Фото: EPA