Раководството на Ливерпул донесе одлука за иднината на Слот

Ливерпул нема добра сезона под водство на тренерот Арне Слот, но и покрај тоа раководството на премиерлигашот не планира да го отпушти стратегот.

Резултатите на Ливерпул ги налутија навивачите, кои на дел од натпреварите скандираа и дека Слот треба да добие отказ, но најверојатно нема да се случи такво нешто.

Холандскиот стартег треба да продолжи со работа и следната сезона на кормилото на „црвените“ затоа што управата верува во неговите способности да го врати Ливерпул на врвот.

Фото: Liverpool FC