Мегваер потпиша, па се пофали: Јас сум еден од најдобрите во светот

Англискиот дефанзивец Хари Магваер неодамна го продолжи договорот со Манчестер јунајтед на уште една година, а сега даде прилично самоуверена изјава во која порача дека се смета за еден од најдобрите во светот. 

Во изминатите години Мегваер често беше предмет на критики, а денеска на тие моменти вели дека се сеќава со насмевка. 

„Мислам дека ваквите работи повеќе го погодуваат семејството. Тие гледаат низ што поминуваме и колку е тешко. Тоа веројатно беше најниската точка, но е дел од патот. Не би го менувал тоа низ што сум поминал. Дефинитивно ме направи посилен и ме донесе таму каде што сум денес“, истакна Мегваер.

Сепак, 33-годишниот дефанзивец смета дека во шест од седумте сезони на „Олд Трафорд“ играл „навистина добро“.

„И понатаму верувам, дури и на оваа возраст, дека сум веројатно еден од најдобрите дефанзивци во светот во двата шеснаесетника. Мислам дека тоа не е спорно, можам да бидам многу ефикасен во завршниците на натпреварите, без разлика дали браниме водство или се обидуваме да направиме пресврт“, порача дефанзивецот.

Според новиот договор, Мегваер треба да остане во Јунајтед до 2027 година.