Симеоне емотивно до Гризман: Ти си човек за почит!
Гризман за Атлетико постигна 211 голови во сите натпреварувања, па негвото заминување секако има и тежина, но исто така тој е и еден од ретките кои го носеше дресот и на Барселона и на Атлетико.
„Не зборувам само како тренер, туку и како навивач на Атлетико, што всушност и сум“, исткана тренерот Диего Симеоне, кој е на клупата на тимот уште од 2011 година.
Тој му се заблагодари на Гризман за посветеноста, скромноста и професионализмот:
„Ти си личност вредна за почит во време кога на младите им се потребни вистински примери. Ти благодарам за сè што ни даде, што ни даваш и што ќе ни дадеш“, заврши аргентинскиот стратег.