Ѓорческа со уверлива победа го почна настапот на челинџерот во Мадрид!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, со убедлива победа го почна настапот на челинџерот во Мадрид, откако денеска ја совлада Јапанката Сара Саито со 6-4, 6-4.

Ова беше прва победа на нашата Лина по два месеци, односно по двата порази во низа. Таа излезе како подобра во меч со (пре)многу брејкови, со оглед што имаше дури 12 освоени гемови на сервис на другата тенисерка (7-5 во корист на Македонката). Дуелот траеше час и половина, а Ѓорческа успеа по голема борба да ги добие двата сета со идентичен резултат.

Следен противник на македонската тенисерка ќе биде осмата носителка, Алина Корнеева од Русија, која е 122. на ВТА листата.