По 37 години и четири загубени финалиња – Мичиген е владетел на НЦАА (ВИДЕО)

Доминацијата на Универзитетот Конектикат во колеџ кошарката заврши ноќеска. За првпат од 1989 година, Мичиген Вулверинс се шампиони на НЦАА.

Во финалето, пред повеќе од 70 илјади гледачи, Мичиген го совлада бранителот на трофејот Јукон со 69-63, носејќи му на својот колеџ титула што ја чекаше 37 години. Јукон освои две титули за три години, но овој пат, тимот на Боб Харли беше подобар тим и стави крај на серијата од четири загубени финалиња во НЦАА (1992, 1993, 2013 и 2018 година)

Беше драматично на самиот крај, Хаскис погодија тројка на 45 секунди до крајот и се доближија до четири поени негатива (63-67), но Јаксел Лендборг беше смирен и ја потврди победата на својот тим од линијата за слободни фрлања. Не беше убаво за гледање, имаше многу промашувања (особено од далечина) на двата коша, но борбата беше интересна и безмилосна.

За најкорисен играч во финалето беше прогласен кошаркарот на Мичиген, Елиот Кадо кој постигна 19 поени, вклучувајќи неколку важни кошеви во финишот.