Гигант од Англија нуди 30 милиони евра за Алајбеговиќ!

Младиот босански фудбалер, Керим Алајбеговиќ, е во центарот на вниманието по одличните игри за БиХ, а за него интерес има од повеќе клубови, честа да го продава ја има Баер Леверкузен.

Алајбеговиќ оваа сезона игра за Салцбург, но Леверкузен ја активираше клаузулата според која за осум милиони евра можеше да го врати фудбалерот кој им го продадоа на Австријците.

Сега тој повторно е член на германскиот клуб кој планира да прифати некоја од богатите понуди и да го продаде во летниот преоден рок.

Последните информации велат дека Манчестер Јунајтед е подготвен да плати 30 милиони евра за да го добие потписот на Алајбеговиќ.

Наводно англискиот клуб веќе е во контакт со Леверкузен за 18-годишниот фудбалер и сака да го реализира трансферот пред почетокот на Светското првенство.