Мурињо од себични причини не сака Спортинг да ја освои ЛШ!

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо кажа дека не сака Спортинг Лисабон да ја освои Лигата на шампионите, а ја потенцираше и причината за тоа.

Спортинг е меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите, ептен мали шанси им се даваат тие да го освојат големиот пехар, но така беше и кога Порто воден од Мурињо триумфираше во елитното натпреварување.

Мурињо беше прашан за сезоната во ЛШ на Спортинг под водство на Руи Боргеш.

„Среќен сум за Руи Боргеш. Тој го загуби првиот меч со Бодо со 3-0 и беше масакриран. Не требаше да го загуби тој меч, секако, но јас исто така загубив таму, и тоа со полоши бројки. Како и да е, доколку ме прашувате дали сакам Спортинг да ја освои Лигата на шампионите, ќе речам не. Последниот кој ја освоил Лигата на шампионите со португалски тим сум јас“, рече Мурињо смеејќи се.