Ливерпул е подготвен да плати 40 милиони евра за играч кој уште нема професионален настап!
Се работи за 17-годишниот бразилски талент Ерик Беле кој е член на Палмеирас, но уште нема настап во сениорскиот тим за овој клуб. Еднаш беше во ростерот, но не влезе во игра.
Наводно станува збор за екстра талент за кој интерес има и од ПСЖ и Парма.
На масата на Палмеирас веќе стигнала понуда од 20 милиони евра, но наводно бразилскиот клуб бара двојно повеќе за својот талент.
Ливерпул бил подготвен да ја плати таа сума, па се очекува тие да ја добијат битката за Бразилецот.
Трошењето големи пари за Ливерпул се покажа како спротивен ефект од она кое требаше да се случи, наместо доминантен тим во Англија, тие одамна го загубија чекорот во трката за титулата и играат под сите очекувања.