Беа најголеми непријатели - утре ќе седат еден до друг!

Реал Мадрид и УЕФА утре и сликовито ќе покажат дека односите меѓу нив се средени и сите недоразбирања се минато.

Според шпанскиот весник „АС“, на утрешниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, Флорентино Перез и Александер Чеферин ќе седат еден до друг.

Со тоа ќе покажат дека тензиите меѓу нив кои се случуваа во изминатите години се минато.

Односот се растури кога Флорентино Перез го почна проектот за основање на Суперлига, но откако сите излегоа и му стана јасно дека нема да може да ја реализира замислата, ги закопа секирите со претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.