Ракометна бомба: Јасухира се враќа во Македонија, но не во Вардар!
Негов нов клуб ќе биде забревтаниот тим на Охрид. Јапонецот треба да биде огромно засилување за охриѓани во финишот од сезоната во која се борат на три фронта, македонската лига, Купот и ЕХФ Европскиот куп.
Јасухира е добро познат на македонската јавност, особено на фановите на Вардар. Тој во сезоната 2023/24 го носеше црвено-црниот дрес во кој имаше импресивни партии.
Но, Вардар не успеа да го задржи, потоа замина во првенството на Кувајт, а сега ГРК Охрид успеа да го врати во Македонија.