Невиден скандал во српскиот фудбал: Гостински навивачи го претепаа домашниот тренер (ВИДЕО)

Во рамките на 20. коло од Српската лига Војводина, се одигра натпревар помеѓу Слобода Доњи Товарник и Ветерник, во кој се случија големи нереди на теренот.

Пред самиот крај од натпреварот, при резултат 1-1, навивачите на гостинскиот тим влегоа на теренот и ги нападнаа противничките играчи, а потоа и тренерот на домашниот тим. Оние кои влегоа беа маскирани хулигани кои имаа јасна намера да ги удрат членовите на противничкиот тим еден по еден, а најинтересно е тоа што по овој голем инцидент, натпреварот не беше прекинат.

Следуваа уште околу 20 минути игра, а Ветерник го постигна победничкиот гол, во 17. минута од судиското продолжение.