По Виница, карванот на Кошаркарската федерација на Македонија минатиот викенд гостуваше во Велес каде се собраа неколку стотини таленти од У12 генерациите во машка и женска конкуренција.

Млади кошаркари пристигнаа од сите краеви на Македонија и имаа можност да се дружат и да споделуваат кошаркарски знаења.

Следниот собир е на 26 април кога талентите ќе имаат нова дружба во Гевгелија.