Поранешен центар на МЗТ и Куманово во петорката на сезоната во АБА-лигата!
Тој сезоната ја заврши со просек од 13,5 поени, 7,5 скока и 2,4 блокади, а доби 10,4-отсто од вкупниот број гласови во што беше второпласиран. Пред него по бројот на гласови (10,5-отсто) се најде само плејмејкерот на Црвена звезда, Тејлор Рочести, кој со просек од 15 поени и погоден речиси секој втор шут за тројка ја предводи листата најдобри сезонава во АБА.
Во најдобрата петорка се најдоа уште и Џенан Муса од Цедевита, Немања Гордиќ од Будуќност и Новица Величковиќ од Партизан.
Малку зачудува фактот што во најдобриот тим не се најде место за ветеранот на Цибона, Лука Жориќ, кој пред неколку дена беше прогласен за најкорисен (МВП) играч во регионалното натпреварување.