Драма во Букурешт: Луческу имал втор срцев удар и тоа пред да го пуштат од болница!
Тој минатата недела бил хоспитализиран во Универзитетската болница во Букурешт, а состојбата му се влошила непосредно пред заминувањето дома. Според информациите, лекарите морале да реагираат итно и да вложат огромни напори за да го стабилизираат. Според романските медиуми, биле извршени дури три реанимации за да се спаси неговиот живот. Меѓу направените испитувања била и ангиографија – процедура со која се проверува дали има блокада на коронарните артерии.
Иако ситуацијата била исклучително сериозна, исходот е позитивен, а Луческу останува под лекарски надзор по драматичниот инцидент.