Се повредија Македонците во Славен Белупо!

Македонските фудбалери кои настапуваат за хрватскиот Славен Белупо заработија повреди, за Леонард Жута сезоната е завршена, Илија Несторовски би можел да одигра уште некој меч.

Жута скина лигаменти на колено и наредната недела ќе оди на операција, Несторовски околу еден месец ќе биде надвор од терените.

„Леонард Жута следната седмица оди на операција и ќе го нема до крајот на сезоната. За Илија Несторовски, се надевам дека ќе успее да одигра уште нешто до крајот на сезоната. Сега сигурно ќе паузира три-четири седмици“, изјави тренерот Марио Грегурина.

Несторовски според најавите ќе паузира речиси еден месец, па би се вратил на терените пред крајот на сезоната.