Ниту „Д“ од дерби, Охрид мислеше на Олимпијакос - Вардар лесно победи!
Мечот меѓу Вардар и Охрид беше измеѓу двата натпревари на охриѓани со Олимпијакос во ЕХФ Европскиот куп. Тие побараа одложување на мечот, а откако не го добија решија да настапат со променет тим.
Охрид во тимот имаше неколку првотимци, но грото го сочинуваа младински играчи. Охриѓани не сакаа да дојдат со комплетен состав и покрај високата победа во Атина.
Уште од стартот на мечот се виде дека Вардар лесно ќе дојде до победата, на полувремето резултатот беше 17-12 за црвено-црните, а до крајот предноста беше зголемена на конечни 31-21.
Најефикасен кај Вардар беше Урош Митровиќ со шест голови, Хориха постигна четири, во составот на Охрид Кукуловски реализираше шест погодоци.






