Катастрофа за Шкендија: Еден од најдобрите фудбалери ги скина лигаментите!

Еден од најдобрите фудбалери на Шкендија, Решат Рамадани ги скина предните вкрстени лигаменти на дуелот меѓу Македонија и Ирска, па поради тоа го чека пауза до крајот на сезоната.

Шкендија соопшти дека Рамадани ги скинал предните вкрстени лигаменти и поради тоа мора да оди на операција, која подолго време ќе го оддалечи од терените.

„Рамадани ги скина лигаментите и мора да оди на операција. Тој се здоби со тешка повреда на дуелот меѓу Ирска и Македонија во Даблин. Докторите потврдија дека повредата на десното колено е сериозна. Се очекува рехабилитацијата да трае неколку месеци“, соопшти Шкендија.

Фото: Шкендија