Енцо флертуваше со Реал, па доби големи критики од поранешен играч на Челси!

Енцо Фернандез сака да замине од Челси, а работата ја носи дотаму што почна јавно да флертува со Реал Мадрид, таквото негово неетичко однесување не им се допадна на луѓето блиски до лондонскиот клуб.

За време на репрезентативната пауза, Енцо Фернандез даде контроверзни изјави.

„Би сакал да живеам во Мадрид, тоа е град кој ме потсетува на Буенос Аирес, и храната му е најубава таму. Најдобар противнички играч против кој сум играл е Тони Крос, но одличен е и Лука Модриќ“, беа дел од одговорите на Крос на новинарските прашања.

Овој негов флерт со Реал Мадрид, не му се допадна на Џон Оби Микел кој долги години го носеше дресот на Челси.

„Ова е Челси, а не отскочна даска. Ако срцето ти е во Мадрид, тогаш не треба да го носиш овој дрес“, порача поранешниот играч на „сините“.