Тиквеш се спаси од пораз против Башкими во 92. минута (ВИДЕО)
Двете екипи тргнаа во дуелот без многу шанси, а првиот погодок падна дури во 54. минута кога Тиквеш стрелаше преку Сила.
Башкими во следната акција доби пенал, но Аворнио не го реализираше. Сепак, набрзо фудбалерот ја поправи грешката и погоди за 1-1.
Аворнио постигна и втор погодок во продолжение за целосен пресврт и водство на Башкими (2-1), а Лавал во 92. минута ги постави конечните 2-2.