Бутел го промовираше Стоилов, потпис на две години!
Стоилов со Бутел стави потпис на договор од две години, а ќе пристигне на местото на Горан Кузманоски кој ќе го води клубот до крајот на актуелната сезона.
Ангажманот за Стоилов во Бутел ќе биде и негов прв како главен тренер, претходно беше дел од стручниот штаб на Вардар од каде што си замина по доаѓањето на Чупиќ. Според најавите на денешната прес-конференција фокусот на Стоилов во Бутел ќе биде на работа со млади ракометари.
Како играч Стоилов се изгради во едно од најголемите имиња во македонскиот ракомет, па така со своето искуство сигурно дека може да придонесе за добри резултати во Бутел.
