Сити не сака да чека, Пеп мора брзо да каже што ќе прави
Според информациите челниците на клубот, предводени од спортскиот директор Уго Вијана, сè уште немаат јасна слика за намерите на трофејниот стратег.
Се очекувало Пеп да ги разјасни своите планови за време на репрезентативната пауза, но тоа не се случило. Првите луѓе на клубот од „Етихад“ сакаат што поскоро да добијат конкретен одговор, со цел навремено да ја испланираат идната селекција на тимот.
Во моментов, во Манчестер сити се отворени за двете опции и се надеваат дека Гвардиола ќе остане до истекот на договорот во 2027 година, но не е сигурно дека и самиот тренер размислува во таа насока.
Just in. 🚨 pic.twitter.com/MFpK1aywIw
— talkSPORT (@talkSPORT) April 1, 2026