Капитенот на Косово обвинет дека ѝ го продал мечот на Турција!
„Газета Експрес“ пренесува изјава од навивачи кои го обвиниле капитенот на репрезентацијата на Косово дека им го продал натпреварот на Турците.
„Муричи, полу-Турчин кој им ги даде сите информации на Турците. Тој им кажа каква тактика е подготвена пред натпреварот“, обвини еден од фановите.
Ова предизвика бурна реакција од фудбалерот, кој испрати порака преку Инстаграм.
„Срам да ви е. Полу-Турчин, кој зборува турски како многумина родени во Призрен, но кој е поголем патриот од тебе. Да помислиш дека фудбалер би продал натпревар само затоа што е роден во Призрен и зборува турски, треба да имаш ментални проблеми“, напиша фудбалерот.
На ова реагираше и Фудбалската федерација на Косово, која застана во одбрана на капитенот. Објавата може да се погледне ТУКА.
„Фудбалот не е само игра, тој е идентитет, посветеност и вредности кои ние ги промовираме. Ведат секогаш го давал најдоброто од себе на теренот. Неговата посветеност не е прикажана само преку головите, туку преку лидерството, енергијата и духот кој го остава на терен“, објавија од федерацијата.
Фото: Facebook/Football Federation of Kosova