Донарума: Плачев по поразот од БиХ, ова е големо разочарување!

Италија уште еднаш остана без пласман на Светското првенство (СП), откако синоќа загуби од Босна и Херцеговина на пенали, а голманот Џанлуиџи Донарума објави порака по катастрофата.

Донарума не успеа да одбрани ниту еден пенал на босанските репрезентативци, а по дуелот кажа дека мора да пронајдат сила да го преболат неуспехот.

„Плачев по поразот од БиХ. Плачев затоа што сум разочаран и затоа што не ја однесовме Италија каде што заслужува да биде. Ова е големо разочарување, мора да најдеме сила да свртиме нов лист и да веруваме во нас. Затоа што животот ги наградува тие кои даваат сè од себе“, кажа Донарума.

Фото: Facebook/Nazionale Italiana di Calcio