Шпанија е најголем фаворит за триумф на СП 2026 – Англија е пред Аргентина и Бразил!

По вчерашните баражи станаа познати сите репрезентации кои ќе настапат на СП 2026, што летово ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, прво во проширен формат, со учество на 48 национални селекции, распределени во 12 групи со по четири тимови.

Без разлика што до стартот има повеќе од два месеци, обложувалниците веќе ги одредија шансите на учесниците за триумф на крајот од шампионатот. Прв фаворит за освојување на титулата е актуелниот европски шампион Шпанија и тоа со коефициент 5,5 за конечен успех. Веднаш зад „црвената фурија“, помалку изненадувачки, се најде Англија, за чие кревање на пехарот секоја уплата би се помножила со 6,5.

Зад европската двојка се наоѓаат гигантите од Јужна Америка, репрезентациите на Аргнтина и Бразил, за кои исто како и Франција се дава идентичен коефициент од 8,50 за светската круна.