Големи емоции за Меси, го одигра последниот меч во Аргентина! (ВИДЕО)

Аргентина со 5-0 ја победи Замбија во пријателски натпревар, а овој меч беше посебно емотивен за Лионел Меси, ова е неговиот последен дуел на домашен терен.

Меси имаше солзи во очите за време на натпреварот. Аргентинецот игра последен пат во Аргентина.

По настапот на Светското првенство тој ќе се збогува со националниот тим.

Меси беше и еден од стрелците на петте гола за Аргентина на овој натпревар, погодија и Алварез, Отаменди и Барко, еден погодок беше автогол.