Прилепчани може да бидат мирни - најважните не одат никаде!

Eкипата на Прилеп преку социјалните потврди убава вест за своите навивачи, постигнат е договор со тренерот и едни од најважните ракометари во тимот за продолжување на соработката.

Дресот на Прилеп и наредната сезона ќе го носи најдобриот стрелец Димитар Димитриоски, а покрај него нов договор потпиша и Никола Шипинковски. Исто така на верност се обрза и тренерот Наум Танески.

Сезонава прилепчани завршија во плеј-аутот каде што се борат за опстанок во Суперлигата, меѓутоа амбициите за следната сезона се повисоки.