Гатузо на неколку часа пред историскиот меч со БиХ, повеќе се интересира за Хајдук!
Гатузо даде интервју за хрватските медиуми, а иако новинарот го праша за очекувањата од вечерашниот меч, сепак селекторот на Италија посака да зборува за хрватскиот гигант.
„Го следам Хајдук, не само резултатите, туку ги гледам и натпреварите. Го гледав последното дерби. Тие тргнаа многу лошо, но подоцна заиграа подобро“, кажа Гатузо.
Селекторот на „аѕурите“ кажа дека сакал да го ангажира Един Џеко во Хајдук, но на крајот пропаднал неговиот обид.
„Зборував со Џеко пред два дена за таа тема. Требаше да го ангажираме, но Хајдук немаше пари. Претседателот ми вети неколку засилувања, а на крајот не го исполни ветувањето, затоа почнаа проблемите“, раскажа Италијанецот.
Натпреварот меѓу БиХ и Италија се игра вечерва од 20.45 часот.
Целото интервју на Гатузо може да го прочитате ТУКА.
Фото: Facebook/Nazionale Italiana di Calcio