Палмер го напушта Лондон: Челси доби примамлива понуда за најголемата ѕвезда

Англискиот репрезентативец Кол Палмер не е среќен во светскиот клупски шампион Челси поради случувањата во изминатиот период и опасноста тимот да остане без место во Лигата на шампиони (ЛШ), а тоа сака да го искористи гигант од Германија.

Баерн Минхен будно ја следи ситуацијата околу Палмер и сака да го искористи неговото незадоволство, па затоа испрати понуда од 100 милиони евра до премиерлигашот.

Челси засега не покажа намера да ја продаде својата најголема ѕвезда, но Палмер досега беше среќен во Лондон, а сега ситуацијата е поразлична.

Палмер пристигна во Челси од Манчестер сити во 2024 година и досега настапи на 122 натпревари, а постигна 31 гол и 31 асистенција.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club