Човекот кој ќе го однесе Косово на СП ќе добие - луксузен стан!
Властите во Косово веќе ги наградија фудбалерите со 500.000 евра за пласманот во финалето на баражот за СП, а ќе им поделат и дополнителен милион, но се подготвува награда и за стрелецот на евентуалниот победнички гол.
Фудбалерот кој ќе го постигне победничкиот погодок против Турција ќе добие луксузен стан во Призрен, објави косовски новинар.
Натпреварот меѓу Турција и Косово се игра вечерва од 20.45 часот во Приштина.
Фото: Football Federation of Kosovo