Мурињо е категоричен: Без Роналдо, Португалија е просечна репрезентација

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо коментираше за важноста на Кристијано Роналдо за португалската репрезентација.

Напаѓачот на Ал Наср не учествуваше во пријателскиот натпревар на својот тим против Мексико, кој заврши нерешено, без голови.

„Без Роналдо, Португалија изгледа како просечен тим. Луѓето постојано инсистираат да не го повикуваме. Па, ете, тој не играше и го видовте резултатот. Нема закана, нема страв од противникот. Само тим ставен под притисок од Мексико. Кога Роналдо е на теренот, противникот размислува двапати. Без него, воопшто не размислува“, рече Мурињо.

Роналдо претстојното лето ќе ја има последната шанса да ја освои титулата на Светско првенство и тоа на 41-годишна возраст. Тоа ќе биде негов рекорден шест настап на Мундијалите.