Бабунски: Се надевав дека ќе заиграм во првиот тим на Барса, ама беше невозможно
Иако редовно тренираше со првиот тим на каталонскиот клуб, Бабунски никогаш не заигра за него, додека во Б-екипата запиша 48 настапи. Си замина пред точно една деценија, а фудбалскиот пат минатата година го однесе во Вардар каде играше и неговиот татко Бобан.
„Се надевав дека ќе успеам да влезам во првиот тим на Барселона, како и други фудбалери кои тренираа со мене. Имав можност да тренирам со првиот тим многу пати, во соблекувалната бев со големи тренери како Гвардиола, Луис Енрике, Тата Мартино, Тито Виланова...
Проблемот беше тоа што тогаш имаше минимални шанси да се добие минутажа во првиот тим. Главни беа Чави, Иниеста и Бускетс и ние помладите моравме да ја бараме среќата на друга страна за да не стагнираме“, откри, меѓу другото, Бабунски.
Од Барселона, тој замина во Црвена Звезда, потоа играше во Јокохама, Омија, Ботошани, Констанца, Дебрецен, Мезоковесд, Данди Јунајтед и од лани во Вардар со кого ја брка шампионската титула во македонското фудбалско првенство.
Целото интервју на Бабунски, можете да го прочитате ТУКА.