И во Реал се пали алармот - Винисиус не тренираше денеска

Суперѕвездата на Реал, Винисиус не тренираше со останатите соиграчи и е неизвесен за натпреварот против Хрватска, објави денеска „Глобо Еспорте“.

По повредата на Рафиња кој ќе отсуствува 4-5 недели, ова е уште потенцијален проблем за бразилската репрезентација, но многу повеќе за Реал кој влегува во клучната фаза од сезоната во која се бори за трофеите во шпанското првенство и Лигата на шампионите. Додека чекаше потврда од Бразилската фудбалска конфедерација во врска со сериозноста на неговата повреда, Винисиус вежбаше во теретана, а потоа доби соодветен третман од бразилскиот медицински персонал. За тоа време тренираше беше облечен во патики и не можеше да се придружи на своите соиграчи.

Откако почувствува болка во задната ложа поради физички напор по натпреварот против Франција, Винисиус беше подложен на тестови во петокот, кои не покажаа повреда. Сепак, крилниот играч одмораше денеска како мерка на претпазливост. Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) тврди дека ова е нормален случај на управување со обемот на работа и се очекува и покрај неизвесноста тој да биде во тимот во вторник против Хрватска.

Во Реал Мадрид сè уште не добиле никакви вести за состојбата на Винисиус, бидејќи бразилскиот медицински персонал сè уште не контактирал со своите.