Двоцифрени победи за Алкалоид и Пелистер (ФОТО)
Алкалоид на домашен терен го прегази Тиквеш со 40-25 и тоа е прв триумф за тимот од Автокоманда во оваа фаза од првенството, по пораазот од Вардар и ремито со Охрид. Убедливата победа беше најавена уште во првото полувреме кое Алкалоид го доби со 20-12, а второто беше безмалку пресликано бидејќи гостите во него постигнаа само еден гол повеќе. Никола и Ненад Костески беа најефикасни кај Алкалоид, со осум, односно седум гола.

Сличен тек на мечот имаше дуелот во Бутел каде Пелистер го совлада истоимениот домаќин со 41-25. И тука победникот беше решен во првото полувреме кое му припадна на битолскиот тим со 41-25. Хаџиќ беше најефикасен со седум, а Дејан Манасков постигна шест гола, додека кај Бутел, Михајловиќ заврши како прв стрелец со пет гола.
Пелистер со оваа победа се доближи на четири бода негатива во однос на лидерот Вардар со натпревар повеќе, додека Алкалоид останува четвртопласиран со 38 бода, осум помалку од „црвено-црните“.


