Клоп го советува Ливерпул кој да наследи Салах: Земете го фудбалерот на Лајпциг
Египќанецот пред неколку дена објави дека ќе ги напушти „црвените“ на крајот од тековната сезона по девет години во клубот. Ливерпул сигурно ќе потпише замена, а според некои извори од Енфилд, клубот дури планира да потпишат не еден, туку двајца крилни играчи. Михаел Олисех, Јан Диоманде, Бредли Баркола, Ентони Гордон и Франциско Консеисао се меѓу крилните играчи поврзани со клубот од Мерсисајд.
Како што е познато, Клоп, кој неодамна се врати во Ливерпул за денешниот добротворен натпревар против легендите на Борусија Дортмунд, го предводи глобалниот фудбалски оддел на Ред Бул. Се верува дека Лајпциг е заинтересиран да го задржи 19-годишниот Диоманде барем уште една сезона, но клубот е свесен дека ова ќе биде тешка задача, а во исто време би можеле да добијат многу сериозна сума за талентот во текот на летото. По неговата силна сезона, Диоманде е проценет на 87 милиони фунти, а интересот за него е голем. Се вели дека Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем исто така се заинтересирани за играчот од Брегот на Слоновата Коска.
Доколку се постигне трансфер по таква цена, тоа ќе биде најскапата продажба на Лајпциг досега. Првото место во овој поглед го држи Јошко Гвардиола, кој беше продаден за 78 милиони фунти на Манчестер Сити во 2023 година.