Сенегалците во Париз парадираа со трофејот кој сакаат да им го одземат (ВИДЕО)
Африканските шампиони организираа мала прослава пред пријателскиот натпревар со Перу, за време на кој го подигнаа трофејот освоен во веројатно најконтроверзното финале на Африканскиот куп на нации пред навивачите. Сенегалците во тоа финале ја победија селекцијата на Мароко по продолженија и станаа шампиони на „Црниот континент“. Сепак, два месеца подоцна, АФКОН (Африканската фудбалска конфедерација) му го додели трофејот на Мароко на „зелена маса“.
Причината беше 20-минутниот прекин пред крајот од натпреварот, кој Сенегалците го предизвикаа затоа што, по наредба на тренерот, го напуштија теренот во знак на револт против одлуката на судијата да досуди пенал за Мароко во 90. минута. Официјално, северноафриканскиот тим сега е победник на континенталното натпреварување, но Сенегалците не обрнуваат внимание на одлуката на врвнатта фудбалска организација и денеска тие парадираа со трофејот пред преполн стадион во Париз, пред претежно свои сограѓани.
Познатиот сенегалски пејач Јусу Ндур настапи како музичка придружба на прославата на еден од најголемите успеси на сенегалскиот фудбал во историјата. Капитенот на Сенегал, Калиду Кулибали и Едуар Менди дури и се искачија на трибините и го врачија трофејот на службениците на матичната асоцијација, кои го прифатија со ентузијазам.
Фудбалската федерациа на Сенегал најави правна битка пред Арбитражниот суд за спорт во Лозана кој ќе го даде последниот збор во овој случај.