Министерството за спорт најави нови 86 милиони денари - поддршка за македонските тимски спортови!

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одржува Редовно Собрание, а на него зборуваше и министерот за спорт, Борко Ристовски кој најави нови 86 милиони денари поддршка за македонските колективни спортови.

Претседателот на РМФ, Александар Стефанов кажа дека дел од „колачот“ ќе добијат и ракометните екипи како дополнителна поддршка, а тоа го потврди и министерот Ристовски.
Разговараме со претседателот на Владата и се надеваме дека со ребалансот на буџетот ќе добиеме околу 220-230 милиони денари кои би биле поделени на крајот на летото. Ние како Министерство обезбедивме 86 милиони денари за помош на колективните спортови, а дел од нив, односно околу 30 милиони денари ќе бидат наменети за ракометните екипи“, кажа Ристовски.

РФМ донесе одлука и за следната сезона да обезбеди спортска опрема за екипите од Првата лига за мажи и жени.