Големо засилување за Охрид: Доаѓа унгарски репрезентативец со големо искуство во ЛШ

Македонскиот суперлигаш Охрид веќе работи на засилувања за следната сезона, а едно од нив треба да биде унгарскиот репрезентативец Доминик Мате, објави „Балкан-Хендбол“.

Десниот бек зад себе има настапи во четири сезони во ракометната Лига на шампиони (ЛШ), а играше и за ПСЖ од 2022 до 2024 година.

Мате во кариерата играше за ПЛЕР, Балантонфуреди, по што почна подемот во неговата кариера и од 2020 година го носеше дресот на Елверум пред да се пресели во ПСЖ во 2022 година. Сепак, од 2025 повторно е дел од Елверум.

Охрид е еден од најдобрите македонски тимови во моментов, а без сомнеж „гладијаторите“ ќе бидат уште помоќни по доаѓањето на Мате.

Фото: EPA