Нема крај на проблемите: Куртоа имал две повреди!

Белгискиот чувар на мрежата Тибо Куртоа се соочува со сериозни проблеми во завршницата на сезоната затоа што има две повреди.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Куртоа имал мускулна повреда на десниот квадрицепс, како и оптоварување на левиот адуктор за кој се жалеше и на загревањето пред неговиот последен настап.

Засега не е познато колку време ќе паузира белгискиот голман надвор од терените, но дефинитивно ќе биде удар за Реал Мадрид во финишот од сезоната.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.