Секоја чест: Колумбиецот Херера најгласно ја пееше македонската химна (ВИДЕО)

Колумбиецот Себастијан Херера е еден од дебитантите во дресот на Македонија вечерва на натпреварот во Данска, а пред почетокот на средбата тој најгласно ја пееше македонската химна и уште еднаш покажа колку му значи тоа што е повикан во репрезентацијата.

Фудбалерот на Борац Бања Лука, кој има македонско државјанство, и пред натпреварот кажа дека со нетрпение очекува да настапи за Македонија и ги собра симпатиите на македонската јавност.

„За мене ова е нешто најголемо што може да се случи во мојата кариера, да го облечам дресот на Македонија. Навистина е чест и огромно задоволство што сум тука. Ќе дадам сè од себе за да помогнам на репрезентацијата“, кажа Херера.