Француската лига му направи услуга на ПСЖ пред двомечот со Ливерпул

Управниот одбор на Професионалната фудбалска лига на Франција одлучи да ги одложи натпреварите меѓу Ланс и ПСЖ, односно Брест и Стразбур, па така тие ќе се играат на 13 мај.

Француската лига соопшти дека Управниот одбор го прифатил барањето на ПСЖ и Стразбур, односно не побарал одобрение од Ланс и Брест затоа што одлуката е донесена во интерес на францускиот фудбал.

ПСЖ бараше да се одложи мечот против Ланс затоа што натпреварот беше закажан за 11 април, односно меѓу двата дуели против Ливерпул во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Ланс претходно го одби барањето од актуелниот француски шампион бидејќи е во игра за титулата во Лига 1, но раководството на шампионатот донесе поинаква одлука.

Парижаните се лидери во француската лига со 60 бодови, додека еден поен помалку од нив има Ланс.