Алиоски со порака до соиграчите: Срцето ми се кине, би дал сè за да се борам покрај вас!

Македонија вечерва од 20.45 часот на „Паркен“ во Копенхаген ќе се соочи против Данска во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство (СП), а нашиот репрезентативец Езгјан Алиоски испрати емотивна порака.

Алиоски не е во конкуренција за настап поради повреда, но испрати порака со поддршка до неговите колеги од репрезентацијата.

„Денеска станува збор за нашата земја. За секој човек дома кој верува во нас, страда со нас и стои зад нас. Денеска носиме повеќе од само дрес! Сè што сме, сè за што сме работеле, се сведува на овие 90 минути. Ми се кине срцето што не можам да бидам таму на теренот со вас. Би дал сè за да се борам покрај вас. Но ви ветувам: со вас сум во секој чекор, секој старт, секој удар. Излезете таму и играјте со гордост. Со срце. Со оган. Борете се еден за друг како да е најважната работа во вашите животи. Ајде денеска да постигнеме нешто со кое целата наша земја ќе се гордее. За нас. За тимот. Дајте сè од себе... и повеќе“, напиша Алиоски.

Натпреварот се игра вечерва во Копенхаген од 20.45 часот, а победникот ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Чешка и Ирска.