Салах има дилема: Богатство или вистински фудбал!?
Она што е јасно е дека Салах ќе има можност да бира дали ќе отиде по парите во Саудиска Арабија или ќе продолжи во европски клуб да игра сериозен фудбал.
Саудијците му нудат трипат поголема плата од онаа која ја заработуваше во Ливерпул. Саудиското министерство за Спорт сака да се вклучи во проектот за потпишување со Салах.
Понуди за него ќе има и од европски клубови, но ниту една од нив нема да биде ни приближно финансиски моќна како онаа од Саудиска Арабија.
Салах ќе биде ставен на тест, ќе покаже дали повеќе ги сака парите или фудбалот.