Зверев го прескокна Ѓоковиќ - има страшен сервис!

Александер Зверев на мастерсот во Мајами го искористи отсуството на Новак Ѓоковиќ за да се врати на третата позиција на АТП листата, но и покажа дека неговиотнапредок не е само последица на неиграњето на српскиот ас.

На турнирот во Мајми, Зверев покажа дека има фантастичен сервис. Тој победи на два меча по ред во кои на ривалот не му дозволи ниту една шанса за брејк.

Во четвртфиналето се пласираше откако го совлада Французинот Алис со 7-6 и 7-6.

„Многу работев на сервисот и тоа сега ми се исплатува“, рече Зверев.

Имаше 16 асови, одлична статистика на сервис, но не искористи ниту една од шесте брејк топки.

„Двајцата бомбардиравме од сервис“, објасни Зверев.